Македонија
19. јуни 2023 - 11:55

Загина 28-годишен мотоциклист од Македонска Каменица

Вчера околу 15.20 часот во Полициската станица Делчево било пријавено дека на локалниот пат Македонска Каменица - с.Цера, кај место викано „Ајдарска маала“, А.С.(28) од Македонска Каменица, управувајќи мотоцикл со регистарски ознаки од Македонска Каменица, изгубил контрола и со мотоциклот излетал надвор од патот, информира МВР.

Како што информираат од полицијата, во несреќата А.С. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Делчево. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.