Македонија
28. јуни 2020 - 13:49

Заев вети 34 илјади денари просечна плата до крајот на мандатот

СДСМ до крајот на мандатот на новата влада ветува дека ќе ја зголеми минималната плата  на 20.000 денари, а просечната ќе изнесува 34 илјади денари, најави денеска претседателот на партијата, Зоран Заев на прес-конференцијата во Штип.

Тој најави дека пензиите ќе се зголемуваат согласно трошоците на живот, а најниските пензии ќе се зголемат за 21 отсто до 2024 година.

Според него, владата на СДСМ во новиот мандат ќе изгради експресни патишта во должина од 300 километри и локални патишта во должина од 950 километри и ќе продолжи со сериозни инвестиции во гасификација.