Заев утре во Брисел на средби со Столтенберг, Могерини и Хан
Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев утре во Брисел ќе има средби со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенеберг, со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан.
Заев во Брисел ќе биде придружуван од министерката за одбрана Радмила Шекеринска и шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.
Средбата Заев - Столтенберг е предвидена утре околу пладне во седиштето на Северно-атлантската алијанса (НАТО), а по нејзиното завршување е планирана прес-конференција на македонскиот премиер и првиот човек на НАТО. Се очекува да се разговара за можностите за деблокирање на членството на Македонија во НАТО. Премиерот Заев неодамна изјави дека се надева оти Македонија многу брзо може да стане членка на НАТО под привремената референца, а паралелно да продолжат разговорите со Грција за спорот за името и надградување на мерките за доверба меѓу Скопје и Атина.
На средбите, пак, со Могерини и Хан, како што истакна Заев во неколку негови претходни изјави, ќе се разговара за реформите што треба да ги спроведе новата македонска Влада и за отстранувањето на условената препорака за почеток на преговорите за членство во ЕУ.
Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, најави дека Могерини и Хан на средбата со Заев ќе ја повторат својата подготвеност за поддршка на новата Влада, како и на опозицијата, во нивните напори конструктивно да се испорача нивната заедничка цел за реформи поврзани со ЕУ.
- Тие ја нудат својата помош во овој поглед и ќе инсистираат на имплементација на сите делови од договорот Пржино и на Итните реформски приоритети. Ова е, исто така, од суштинско значење за да се врати земјата на својот пат кон европската интеграција, процес кој граѓаните јасно го сакаат и заслужуваат, истакна портпаролката Коцијанчич во изјава за МИА.
Се очекува да стане збор и за доаѓањето во Скопје на пензионираниот експерт за владеење на правото на Европската комисија, Рајнхард Прибе, кој заедно со група на експерти на Комисијата ќе треба да и помагаат на новата Влада на Република Македонија во напорите за реформи.
Ова е прва официјална посета на новиот македфонски премир на европската престолнина откако застана на чело на Владата на Република Македонија.
Ново на Сител
-
14-годишник ненадејно починал во битолско, му се слошило додека бил на роденден
-
Галант го информира Блинкен за операцијата во Рафа
-
УКИМ повторно рангиран на 1.990 место од 2.000 најдобри универзитети во светот
-
Претседателката ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, во јавни настапи има лично право на самоопределување, велат од кабинетот на Силјановска Давкова
-
Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат
-
Еруптираше вулканот Ибу во Индонезија
-
Тројца уапсени во Велика Британија поради соработка со разузнавачката служба на Хонг Конг
-
Во Косово досега попишани над 1,42 милиони лица, дел од Србите „се двоумат“