Македонија
4. February 2020 - 11:15

Заев: Убеден сум дека Делчев е горд што нашата земја е членка на НАТО и на чекор до ЕУ

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев истакна дека визијата на Делчев е мост кој ги поврзува сите народи.

„Денес, на 4 февруари, на денот на раѓањето на Гоце Делчев, се сеќаваме и величаме еден од најмаркантните херои на македонската државност.

Делчев со својата посветена борба и револуционерна активност ги отелотвори идеалите на слободата и социјалната правда, кои денес се длабоко вкоренети во нашата државнотворна традиција. Неговата визија денес станува мост кој нѐ поврзува со другите народи во заедничките напори за обединета Европа.

Убеден сум дека Делчев и револуционерите од тој период се горди на нашето денешно остварување кога ја направивме нашата земја членка на НАТО и кога сме на чекор до поканата за старт на преговори со Европската Унија.

Во име на разбирањето и соработката меѓу народите, Гоце Делчев нѐ поврзува и во чест на таа идеја денеска се поклонуваме на гробот на великанот во црквата Свети Спас“, напиша Заев на својот профил на Фејсбук.