Заев-Трента: Членството во НАТО обезбедува сигурност, стабилност и безбедна иднина за сите
Премиерот Зоран Заев денеска оствари средба со италијанската министерката за одбрана Елизабета Трента, на која било разговарано за претстојниот референдум и идното членство на Република Македонија во НАТО и Европската унија, како и за соработката меѓу двете земји.
На средбата со министерката Трента, која со повеќечлена делегација е во официјална посета на нашата земја, премиерот Заев бил придружуван од вицепремиерката Радмила Шекеринска и повеќе свои соработници.
Премиерот Заев, како што информираат од владината прес-служба, посакувајќи и топло добредојде, со министерката Трента разговарале за претстојниот референдум, како историски момент, кој означува почеток на остварување на евроатлантските аспирации на Македонија, кои се долгогодишни стратешки приоритети на земјата.
Во разговор за идното членство на Република Македонија во НАТО и Европската унија, министерката Трента го поздравила ентузијазмот на премиерот Заев и подвлекла дека доаѓа во Македонија да ја искаже поддршката на Италија за евроатлантските аспирации на Македонија и да понуди помош, доколку е потребно, за да се развива и понатаму пријателството меѓу двете земји и останатите земји во регионот на Западен Балкан.
Министерката Трента, на премиерот Заев, се вели во соопштението, му порачала дека референдумот е важен за македонските граѓани, но и за сите други пријатели кои ја поддржуваат земјата и нејзините заложби за влез во Европската унија и НАТО.
Двајцата соговорници се согласиле дека членството на Македонија во НАТО обезбедува сигурност, стабилност и безбедна иднина за сите граѓани во земјата, особено за младите, кои заслужуваат да ги почувствуваат придобивките кои ги нуди европската заедница.
Беше оценето, дека Македонија заслужува да стане 30-та членка на Северноатлантската алијанса и како дел од Сојузот, да остане фактор на стабилност во регионот, како земја чија стратешка определба е да одржува пријателство и соработка со сите соседни земји.
Премиерот Заев на министерката Трента и ја повторил заложбата и политичката волја на актуелната Влада да продолжи со клучните реформи за зајакнување на владеењето на правото, борбата против корупцијата, реформата на безбедноста и разузнавањето и реформата на јавната администрација, со цел интеграција во НАТО и ЕУ.
Заев, се вели во соопштението, потенцирал дека претстојниот референдум е момент за одлука за европската иднина за Македонија и дека одговорноста е на сите релевантни политички субјекти во земјата, вклучувајќи ја и опозицијата, со која и досега заедно учествувале во потребните реформи.
Премиерот Заев и министерката Трента искажале уверување дека двете земји и понатаму економски ќе соработуваат и ќе се трудат да ја зголемат туристичката и културната размена меѓу Република Македонија и Република Италија.
Ново на Сител
-
Избран нов градоначалник на Истанбул по апсењето на противникот на Ердоган
-
Скопјанец се заканувал на сосетка, скршил ветробрански стакла на две возила и прозорци на куќа
-
Мицкоски: Јован Костадинов, херојот кој покажа што значи човечност
-
Ефективниот притвор за двајца поранешни градоначалници на Кочани заменет со куќен притвор
-
Уапсен 34-годишник од Албанија на „Блаце“, бил баран со потерница за трговија со дрога
-
Тешко повреден 25-годишник од Скопје, изгубил контрола и со моторот излетал од коловозот
-
Јон Фрчкоски: За грешките од минатото не се гордеам но нема да бидат товар за СДСМ, се повлекувам од позицијата во партијата
-
Дали тоа што го користи Јон Фрчкоски е кокаин, прашуваат од ВМРО ДПМНЕ