Заев: Терминалот на Ќафасан ќе ја олесни стоковната размена со Албанија
Премиерот Зоран Заев, министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски денеска направија увид во подготовките на новиот терминал на граничниот премин Ќафасан.
Проект, како што информира премиерот, опфаќа изградба на нов увозно – извозно царински терминал од 9,5 илјади метри квадратни, пристапни патишта, објекти за царинење и други инспекциски објекти, како и реконструкција на постојните објекти. Финансиран е од програмата ИПА и од Буџетот во износ од 1,48 милион евра.
– Овој нов терминал ќе придонесе за зголемување на пропусната моќ на преминот за стоковни пратки, за намалување на времето потребно за вршење на гранични формалности, значително ќе ја подобри инфраструктурата за примена на современи средства за инспекција. Со него ќе се забрза и олесни стоковната размена преку овој најфреквентен граничен премин кон Република Албанија, а истовремено ќе се олесни и забрза транспортот по должина на паневропскиот Коридор 8, истакна Заев.
Проектот за надградба на објектите за царинење и контрола на Граничниот премин за патен промет Ќафасан, додаде, е во тесна врска и со компјутерскиот систем: Системот за обработка на царински декларации и акцизни документи.
– Овој систем ќе го замени целосно досегашниот систем и ќе обезбеди безхартиени царинските постапки. Тоа ќе придонесе да се исполнат европските стандарди и да се создаде поефикасна и модерна царинска служба, подготвена да одговори на предизвиците на глобалната трговија. Ова е уште една потврда дека Република Северна Македонија посветено и сигурно чекори на вистинскиот пат, кон полноправно членство во НАТО и отпочнување на преговори за членство во ЕУ како наши стратешки цели кои ќе донесат траен мир и одржлива економска перспектива за граѓаните на нашата земја, рече Заев по извршениот увид.
Ново на Сител
-
Големо невреме предизвика поплави во делови од Шпанија, има загинати и исчезнати
-
Италија инвестира огромни пари во армијата: Парламентот одобри милијарди за вооружување
-
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
-
Наутро појава на магла, преку денот сончево време
-
Кривични за злoупотреба на службена должност и несовесно обезбедување на Плаошник
-
Тешко повреден работник во Пробиштип
-
Успеав да излезам од сенката на татко ми | Александар Михајловски | ПРОфесија | Sitel Podcast 066
-
Бегајќи од полиција скокнал во Вардар и се повредил