Заев: Тајното следење останува директно под контрола на Јавното обвинителство
Реформите во безбедносните служби се во многу напредна фаза. Избран е третиот модел кој претставува аутсорсинг на сите институции. Тајното следење останува директно под контрола на Јавното обвинителство, далеку од рацете на политичарите, изјави денеска премиерот Зоран Заев.
Одговорајќи на новинарски прашања, Заев нагласи дека моделот е веќе испорачан, односно по сите дебати во ресорното Министерство и Влада, веќе е доставен до Собранието.
- МВР ќе може само со судска наредба да се вклучи во системот за борба против тероризам, екстремизам, радикализам, она што значи заштита на државата. Се што е врзано со корупција, криминал, можности за сомневање, е апсолутно под строга контрола на Јавното обвинителство. Таков е моделот. На него може да се приклучат Царината, Агенцијата за разузнавање и други институции кои имаат потреба од ваков вид асистенција. Конечната цел е никогаш повеќе да не се повтори злоупотреба на тајните служби, посебно тајното следење или попрецизно кажано, тајното прислушкување кое беше пример како не треба во Македонија тоа да се злоупотребува. Затоа, во иднина е најважно граѓаните да знаат дека никогаш повеќе никој нема да ги прислушува, да ги уништува нивните човекови права и слободи на комуникација, подвлече Заев по потпишувањето на првите решенија за поддршка на младите земјоделци во Министерството за земјоделство.
Ново на Сител
-
Палевски: Ако сум убил – ќе правев алиби
-
СДСМ со видео снимка обвинува дека Тошковски штити роднини на високи партиски функционери
-
Претседателката на ДКСК Димитровска веднаш да поднесе оставка
-
Филков чека одговор од СДСМ за реформските закони
-
Костадиновски: Уставниот суд е најнереформирана институција од независноста на Македонија
-
Ако маркетите драстично ги зголемат цените ќе следуваат поригорозни мерки
-
Спречен колапс на македонскиот електросистем за време на велигденските празници
-
Наставниците стравуваат дека ќе останат без работа со новиот закон за основно образование