Македонија
4. јуни 2021 - 19:47

Заев стави крај на шпекулациите за договорот со ДУИ, нема заеднички кандидат за градоначалник на Скопје

Воопшто не е разговарано за заеднички кандидати со ДУИ. Премиерот Заев стави крај на неизвесноста по најавата на Ахмети дека во сабота ќе соопшти како што рече убава вест, инфорамција која веднаш беше ставена во контекст на локалните избори

Премиерот Заев вели дека СДСМ кон крајот на овој месец ќе ја почне процедурата за формирање на партиските органи кои потоа ќе влезат во процедура на избор на најдобрите кандидати. Но скопскиот градоначалник нема да ја чека оваа процедура. Уште пред да решат партиските тела тој е убеден не само во кандидатура, туку и во победа.

Кој ќе му биде противкандидат на Шилегов во опозиција официјално велат дека ќе се знае по комплетната анализа иако во партиски кругови на големо се зборува дека Коце Трајановски ќе бара враќање во градоначалничкиот кабинет.