Македонија
6. August 2021 - 12:08

Заев, Спасовски, Филипче и Маричиќ на годишен одмор до 12 август

Од Владата информираат дека премиерот Зоран Заев користи денови од годишниот одмор до 12 август, но дека е во постојана телефонска и интернет координација со сите ресорни министерства и надлежни институции. Од таму велат дека дел од членовите на Владата во периодот од 3 до 12 август веќе ги користат деновите од годишен одмор.

„Владата секојдневно ги извршува сите свои функции, а согласно состојбата со пожарите министрите секојдневно заседаваат и одржуваат седници преку онлајн видео конференциска врска и навремено и непречено ги носат сите потребни одлуки“, пренесува 

Владата додава дека меѓусебната координација нема да изостане и дека дел од министрите нема да користат денови од годишен одмор во овој период, а со цел да се обезбеди и теренска и канцелариска координација на активностите секогаш и секаде каде што тоа е потребно.

„Овие денови теренската координација е обезбедена од страна на првиот вицепремиер Артан Груби, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, министерот за земјоделство Аријанит Хоџа, министерот и заменик министерот за информатичко општество и администрација Шакири и Бајдевски, министерката и заменик министерот за образование Царовска и Шабани, заменик министерот за внатрешни работи Буши, заменичката министерка за животна средина Оџаклиеска, заменикот министер за труд и социјала Енвер Хусин, заменикот министер за здравство Илир Хасани, заменик министерот за правда Нухиу“, брифираат од прес-службата.

Според тоа кој е на работа, од соопштението произлегува дека на одмор се и министрите Оливер Спасовски, Венко Филипче и Бојан Маричиќ.