Македонија
12. January 2019 - 12:56

Заев со обраќање по изгласаните уставни измени: Генерацискиот сон станува реалност

На 11 јануари нашата земја напиша историја. Генерацискиот сон станува реалност. Со одлуката за промена на нашиот Устав, започна спроведувањето на договорот од Преспа за членство на РМ во НАТО и ЕУ.

Пратениците во Собранието со 2/3 овозможија да зачекориме низ отворените порти  во најголемите западни сојузи во светот“ - вака премиерот го започна првото обраќање пред јавноста откако собранието даде зелено светло за промени во Уставот со кои Р. Македонија ќе го смени името во Р. Северна Македонија. 

За овој историски момент Заев им се заблагодари на пратеници за оваа голема и одговорна одлука.

„Знам колку беше тешко тоа да се направи. Ја разбирам и чувствувам горчината но и гордоста на секој граѓанин за одлуката да се прифати овој исчекор за иднината на нашата држава. Горичината ја оставаме во минатото и со гордост гледаме во иднината“, рече премиерот.

Тој посочи дека овие денови заедно со соседна Грција ќе ги отфрлат изолацијата и недоразбирањата а е убеден и дека пратениците во грчкиот парламент ќе го ратифкиуваат договорот од Преспа и Грција ќе биде првата земја која ќе го потпише протоколот а потоа и останатите земји членки на Алијансата со кој Македонија ќе може да пристапи кон НАТО.