Заев: Со новиот градоначалник Митев ќе ја стабилизираме општина Зрновци
Зрновци е една од најзапустените општини во Македонија. Тука, за жал се уште и во 21 век луѓето имаат септички јами, нема канализација, недостига здрава вода за пиење, децата на патот до училиште газат во кал, истакна денеска лидерот на СДСМ Зоран Заев пред жителите на општината Зрновци.
- Доаѓа зима, многу деца одејќи на училишта одат со влажни алишта, седат во училници по цели денови, има грипови, настинки и навистина во 21 век ова е недозволиво, потенцира Заев.
Тој ги увери жителите на Зрновци дека преку капитални проекти за две години од мандатот на новиот градоначалник Ванчо Митев, општината ќе блесне.
- Прво ќе вбризгаме пари за да ја стабилизираме општината која е во долгови. Мораме да ја стабилизираме општината за да дадеме ветер во грб. Веднаш за водоводите и канализациите, преку Министерството за транспорт и врски ќе ги обезбедиме финансиските средства, да почне да се гради. Директно ќе помогнеме за комплетно поврзување на општина Зрновци и да ги реконструираме запустените улици, а ги има многу такви, вети претседателот Заев пред насобраните жители на Зрновци.
Затоа, како што рече претседателот на СДСМ, и Зрновци очекува да се вклучи во процесот на промени. Тој нагласи дека централната власт заедно со Парламентот, ќе ги насочи своите капацитети за развој, пред се, на руралните средини.
- Развиени општини значат и развиени градови. Затоа, во името на добрата иднина и за Зрновци и за Македонија, на 29 октомври ве повикувам да гласате. Знаете како, со пенкало. И во Зрновци да падне режимот. Да ги донесеме промените и тука, за живот, за сите, ги повика Заев жителите на Зрновци.
Ново на Сител
-
21-годишна албанка излетала од патот со автомобил близу Битола, тешко повредени сопатниците
-
Кипар под црвен метео аларм: Температури до 45 степени, забрана за работа на отворено
-
Тешко повреден параглајдерист во Крушево се пренесува со полициски хеликоптер во Скопје
-
Кривична против 14-годишник од Куманово, извршил шест тешки кражби во приватни имоти
-
Жена од Гостивар физички го нападнала своето 4-годишно дете
-
Дмитриев: За постигнување мир во светот мораме да ги исправие грешките на Бајден
-
23-годишник под истрага за илегално држење и продавање марихуана
-
Делчево добива Центар за услуги – дел од националниот портал за дигитални услуги