Заев со честитка за Денот на Армијата: Нашите војници се рамноправен дел од НАТО, гарант за стабилноста и безбедноста
По повод Денот на Армијата, 18 август, претседателот на СДСМ Зоран Заев испрати честитка до припадниците на Армијата и до сите граѓани.
– На сите припадници на Армијата и на сите граѓани им го честитам 18 август – Денот на Армијата на Република Северна Македонија. Она што пред 77 години, во 1943 година со формирањето на батаљонот „Мирче Ацев“ беше пркос, храброст и визија за сопствена држава и Армија, денес е реалност, наведува Заев во честитката.
Тој додава дека денес, нашата Армија е рамноправен дел од најсилниот воено безбедносен сојуз, а нашите војници, рамо до рамо со 29-те армии кои се дел од НАТО.
– Со членството во НАТО, денес се обезбедени нашата стабилност и безбедност, нашиот територијален интегритет, а нашите граници се трајно се осигурани. Денес, припадниците на нашата Армија се гаранти и на регионалниот и светскиот мир и стабилност, се вели во честитката.
Заев упатува искрена благодарност на сите припадници на Армијата, за, како што посочува, храброста, посветеноста, професионалноста и несебичниот ангажман што го даваат во заштита на територијалниот интегритет и безбедноста на нашата држава и сите нејзини граѓани.
– Нека е честит 18 август – Денот на Армијата, стои во честитката на Заев.
Ново на Сител
-
Двајца малолетници со закани принудувале малолетнички полово да ги задоволуваат
-
Со автомобил удрен пешак во Скопје, се здобил со тешки телесни повреди
-
Објавен редоследот на евровизиските настапи во мај
-
Во Египет откриена гробница на фараон стара 3.600 години
-
Анчелоти идната недела на суд за даночна измама
-
Попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-
Четири млади лица приведени во кавадаречко, поседувале бела грутчеста материја
-
За време на продолжениот викенд јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред