Заев: Сите политичари да бидат одговорни за препораките од УНЕСКО
Премиерот Зоран Заев верува дека сите институции ќе постапат по барањата на УНЕСКО за да се заштити Охрид и порачува дека сите политичари треба да бидат одговорни по тоа прашање.
На новинарско прашање дали градоначалникот на Струга Рамиз Мерко ќе понесе кривична одговорност и ќе му се одземат ингеренциите бидејќи се уште не го направил регистарот за дивоградби кој се бара согласно со планот на УНЕСКО, Заев денеска изјави дека не ги знае деталите и оти од новинарите слушнал дека Мерко не постапува согласно со планот на УНЕСКО за заштита на Охрид и охридскиот регион.
-Верувам дека секој ќе постапува согласно со законите затоа што во нив има начин на обезбедување на сите неопходни услови, но и казни за непочитување, изјави Заев, при посетата на Пробиштип.
Тој смета дека како политичари сите треба да бидат одговорни бидејќи, вели, УНЕСКО е многу важно за Охрид и охридското крајбрежје но за нашата држава е битна заштитата на еколошката средина. Верува дека сите институции ќе го направат тоа што го бара УНЕСКО за да го заштитат Охрид.
Владата вчера на седница ја реафирмираше определбата да се зачува статусот на УНЕСКО за светско културно и природно наследство на Охридскиот регион и ги задолжи сите релевантни државни институции најдоцна до петок да достават информации за степенот на реализација на препораките од УНЕСКО.
Во заклучоците на Владата по ова прашање е и препораката до општините Дебрца, Охрид и Струга да се интензивираат процесите и активностите со цел исполнување на препораките на УНЕСКО и да ги примат претставниците на УНЕСКО во склоп на Реактивната мисија за 2020 година.
Ново на Сител
-
Евроинтеграцијата и барањето за консензус клучни во обраќањето на претседателката
-
Филипче повика на натпартиска стратегија
-
Мицкоски: Злоупотребите во Државна лотарија се многу повеќе од 8 милиони евра
-
Мицкоски: Многу контроверзни изјави го одбележаа судењето за 27 април
-
Неетичко и нечовечно е поскапувањето на основните производи, кажа Мицкоски
-
Законот за нефер трговски практики стапува во сила на први јануари
-
Целосно исплатени заостанатите субвенции кон земјоделците
-
Реконструкција и проширување на патот Пеленица – Драчево