Заев се сретна со претставници на Граѓанската иницијатива „Да ја спасиме Попова Шапка“
Премиерот Зоран Заев на денешната средба со претставниците на Граѓанската иницијатива „Да ја спасиме Попова Шапка“ разговарал за правилното искористување на природниот ресурс Попова Шапка, при што биле изнесени конкретни предлози за надминување на досегашни недоследности и иницирање на активности за негово одржливо и хумано управување.
На средбата, како што соопшти владината прес-служба, покрај претставниците на Иницијативата, спортски работници, поранешни и активни скијачи и ентузијасти, предводени од Хамди Сулемани, присуствуваа и министерот за економија Крешник Бектеши, заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули и Џемаил Јусуфи, управител на „Елем Турс“, компанија-ќерка на А.Д. „ЕЛЕМ“, која управува со туристичкиот центар Попова Шапка.
Премиерот Заев и неговите соработници, одговарајќи на конкретни барања на претставниците на Граѓанската иницијатива во врска со одземање на управувањето на „ЕЛЕМ“ со скијачкиот центар, како и стопирање на донесувањето на Урбанистичкиот план за викенд населбата на Попова Шапка и подготовка за концесионирање на скијачко-рекреативниот центар, информирал дека веќе е во тек изработка на физибилити студија, која ќе даде одговор на прашањата како правилно да се искористат скијачките капацитети без да се наруши природната убавина на овој дел од Република Северна Македонија.
-Подготвени сме да разговараме и да ги разгледаме можностите за применување на концептот на јавно-приватно партнерство. Остануваме отворени за соработка со вас, Граѓанските иницијативи за да бидеме интензивни во подобрување на преземените активности, истакнал премиерот Заев на средбата.
Ново на Сител
-
Додик по средбата со Вучиќ во Белград: Бошњаците од Сараево сакаат воен судир во БиХ
-
Жена со автомобил удрила малолетник на пешачки и избегала
-
Жителка на Белгија ограбена на Бит Пазар
-
Почна судскиот процес против Мерко за незаконско поставување директор на ОУ „Браќа Миладиновци“ во Струга
-
Му договориле лажна средба со девојката, па го однеле во куќа каде го претепале
-
„Ѓока констракшн“ од Албанија ќе стопанисува со паркингот на Клинички во наредните 20 години
-
Електродистрибуција: Секој корисник има право да побара корекција на фактура
-
Туск: Европа може да победи во секоја конфронтација со Русија