Заев се сретна со лидерот на новоформираната Партија на Македонците во Србија
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска оствари средба со претседателот на новоформираната Партија на Македонците во Србија, Горан Илијевски.
На средбата, како што соопшти СДСМ, се разговарало за актуелната ситуација на малцинските партии во Србија, нивното учество на следните избори во Србија и положбата на Македонците во соседните држави.
Заев изразил очекување дека Македонците во Србија ќе придонесат за напредок на државата во којашто живеат, но и за зајакнување на врските со Македонија.
- Очекувам да се зајакнат врските со Македонија и взаемно да се градат односите помеѓу двете земји. Ви посакувам да имате успех во вашата убава мисија за сите нас. Сметајте на нас, ја имате нашата поддршка, рекол претседателот Заев.
Претседателот на новоформираната Партија на Македонците истакнал дека само со унапредување на добрососедските односи може да се зајакне улогата на Македонците во соседните држави.
- Мораме да ги подобруваме и негуваме односите со нашите соседи. Само со унапредување на меѓусоседските односи можеме да ги јакнеме позициите на Македонците во земјите во коишто живеат, посочил Илијевски.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар