Заев се сретна со европратениците Тања Фајон и Кнут Флекенштајн
Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска во седиштето на партијата се сретна со европратеничката од Социјал-демократите и заменик претседателка на групата на Прогресивна алијанса на социјалисти и демократи во Европскиот парламент, Тања Фајон и со европратеникот Кнут Флекенштајн.
На прес-конференцијата по средбата Заев информира дека разговарале за претстојните избори, потенцирајќи дека граѓаните на Македонија треба да имаат квалитетен живот како и сите граѓани во Европа, бидејќи тоа го заслужуваат.
- Тоа ќе го обезбедиме заедно со граѓаните на фер, регуларни и демократски избори, кои што мора да се случат и мора да има промени. Ова е моментот заедно да создадеме сегашност и иднина за нас, нашите деца и за државата, рече Заев.
Од големо значење е Македонија, како што посочи, да добие демократски и легитимно избрана влада, со цел да се обноват демократските институции, економијата, здравството, образованието, демократијата и правдата.
Европратеничката Тања Фајон рече дека целосно поддржува подобар живот во Македонија, но и дека на земјата и е неопходна промена бидејќи економијата и здравството се во лоша состојба, а многу млади луѓе ја напуштаат државата.
- Се надевам дека ќе има фер, слободни и демократски избори. Луѓето мора да имаат слобода на избор и одлучуваат за иднината на државата. Меѓународната заедница, вклучително и ние од Европскиот парламент, одблиску следиме што се случува сега во предизборниот период и за време на изборите. Сметам дека е многу важно за Македонија да спроведе такви избори и кои ќе бидат признаени, рече Фајон.
Посочи дека имала средба со Специјалната јавна обвинителка и дека дава целосна поддршка за нејзината работа.
На новинарско прашање за изборните листи на СДСМ и дали на нив ќе има граѓански активисти, Заев рече дека е во разговори со коалициските партнери и дека на повидок е нешто различно и поинакво во Македонија. Најави дека коалиционите листи на опозицијата од левица и центар ќе биде проткаена во сите изборни единици со независни кандидати.
Ново на Сител
-
На сметките на пензионерите легнаа повисоки пензии за 2.500 денари
-
Трендафилов со предлог - И јас и пратениците да земаме 500 евра плата, но и работниците да добијат толку
-
Државата ќе им исплаќа субвенциониран оброк и на вработените студенти со плата под минималната
-
Преглед на вестите од светот
-
Целосна забрана за пиротехника во затворени простории и повисоки казни денеска пред пратениците
-
Тројца пациенти кои се лекуваат во странство и натаму се во критична состојба
-
СДСМ: Кој му ги дал службените тајни на обезбедувачот на Мицкоски?
-
Таравари: Коалицијата ВРЕДИ останува дел од владата иако има одредени несогласувања