Заев: Просечната плата 500 евра и минималната плата 300 евра од 1-ви јануари 2022 година
„Просечната плата продолжува да расте, во август годинава таа изнесувала 28.642 денари. Согласно податоците на Државниот завод за статистика, тоа значи зголемување од 4% во однос на истиот месец лани, поточно за 1.107 денари. Зголемувањето се должи, пред сѐ, на покачувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Стручни, научни и технички дејности (14,0%), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (13,4%) и Други услужни дејности (12,6%). Доколку последниот податок го споредиме со август 2017 година кога просечната плата била 22.912 денари, разликата е 5.730 денари“, напиша на својата страница на Фејсбук, премиерот Зоран Заев.
„Податоците го потврдуваат трендот на раст на платите кој е економски резултат на мерките и политиките што ги спроведува Владата за раст на просечната и на минималната плата. Посветени сме на реализација на стапките на економски раст од 4-5% и покачување на платите сѐ со цел подобрување на стандардот на граѓаните и економијата во земјата.Минималната, просечната плата и пензиите ќе продолжат забрзано да растат. Од 1 јануари 2022 година, просечната плата ќе биде 500 евра, а минималната плата 300 евра. Грижата за сите граѓани продолжува“, порача Заев.
Ново на Сител
-
ССМ на 2 април на протест поради одлуката на Врховниот суд, ќе протестира и на 1 мај
-
Полицајци спроведуваат политичка кампања, училиште претворено во штаб на ДУИ
-
Приведено уште едно лице за убиството на докторот во Железара
-
Вработените во здравството најавуваат протест на 8 април
-
Битиќи: Работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори во 2025
-
Македонија треба да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“
-
Мицкоски најави нови проекти во Гевгелија
-
Бабовски: Кај нас нема од вафлите Нестле што се повлечени од хрватскиот пазар