Заев: Претседателот да го потпише Законот за ратификација на Договорот со Грција
Претседателот Ѓорге Иванов да го потпише законот за ратификација на Договорот со Грција, а референдумот тоа само ќе го потврди, апелира денеска премиерот Зоран Заев.
Одговорајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на првиот фотоволтаичен систем на приватен објект, Заев напомена дека првпат по 27 години граѓаните добиваат шанса да одлучуваат за иднината на Македонија.
- Верувам во нашиот народ и во успешноста на процесот со кој ќе се гордеат многу генерации, истакна премиерот.
Нарекувајќи го Договорот фер и правичен, Заев напомена дека веќе е вторпат ратификуван. Следува референдум, уставни промени, а потоа и ратификација во грчкиот Парламент по што Договорот и официјално стапува во сила, односно ќе почне употребата на новото име.
Во врска со денешните пресуди за Зијадин Села, премиерот беше дециден, дека тие значат само понесување одговорност за оној што го прекршил Законот. – Владеењето на правото мора да важи за сите, потенцира Заев.
На новинарско прашање за барањето на пратеникот Мухамед Зекири инспекциски служби да влезат во ИВЗ и да го контролираат нејзиното работење, Заев уште еднаш повтори дека Владата сака да има соработка со сите верски заедници и дека секуларноста мора да се почитува, но исто така и законите. – Пратениците треба да отвораат дебати, не треба да се плашиме од тоа, ниту некој треба да се крие зад нешто. Институциите, како што веќе кажав, ќе спроведат контроли, истакна премиерот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со премиерот Христијан Мицкоски
-
ВМРО-ДПМНЕ го кандидираше Орце Ѓорѓиевски за градоначалник на Град Скопје
-
38 воени возила ќе се користат за гаснење на пожарите во државата
-
Мицкоски: Нема да има данок за неженети и немажени
-
Ригорозни мерки против високите цени, ако утре статистика објави висока инфлација
-
Пациентите со хепатит Б, дијабет и други дијагнози бараат терапија на позитивната листа
-
Љутков: Од догодина повеќе средства за македонската филмска продукција
-
Вливот на реките рак рана за езерото