Заев предложи разрешување на директорката на Агенцијата за европски образовни програми Лидија Димова
Премиерот Зоран Заев на денешната 13-та владина седница ги информираше членовите на Владата дека го прифатил барањето на вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, да му препорача на Управниот одбор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност да ја разреши директорката Лидија Димова, заради неетично постапување во извршувањето на нејзината функција, поврзано со индиции за несоодветно финансиско работење и за негрижа за одржувањето на имиџот на институцијата во јавноста.
– Оваа постапка ја овозможува членот 23 од Етичкиот кодекс, според кој претседателот на Владата може да побара политичка одговорност, односно барање за поднесување на оставка на носителот на извршна функција или предлог за негово разрешување, и да покрене иницијатива за информирање на надлежни институции, при што врз основа на сознанијата и одлуките на Управниот одбор, ќе се запазат сите постапки за гарантирање на принципот за презумпција на невиност, се наведува во соопштението од владината седница.
На седницата Владата ги именуваше Сашо Тасевски за директор на Бирото за јавна безбедност и Пеце Мирчески за директор на Службата за општи и заеднички работи во Владата, додека пак Висара Риза е разрешена од должноста в.д. директор на Агенцијата за лекови и медицински средства и на таа позиција е именуван Лирим Шабани.
– На денешната седница Владата го донесе Решение за измена и дополнување на Решението за именување претседател, генерален секретар и членови на Националната комисија за УНЕСКО на Република Македонија, при што за претседателка на Комисијата е назначена министерката за култура проф. д-р Ирена Стефоска, информира владината Прес-служба.
Ново на Сител
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители
-
ДСЗИ констатира незаконско работење на Токсикологија – лица без договор за работа давале здравствени услуги
-
Супервештачење за случајот Веапоска која остана без три органи
-
Ученикот кој претепа наставничка ќе биде префрлен во друго училиште