Заев: Поволната поддршка на СБ за осигурување и надомест на штетите од катастрофи во интерес на граѓаните
Премиерот Зоран Заев на денешната средба со Орсалиа Калантцопулос, генерална директорка на Европа Ре, реосигурителна компанија поддржана од Светска Банка, разговарал за достапната помош што Република Македонија и општините може да ја имаат на располагање од Светска банка и Европа Ре во услови на катастраофални ризици од временски непогоди како што се поплавите и земјотресите.
Како што соопшти владината прес-служба, претставничките на Европа Ре ги презентирале програмите, можностите и техничката помош што оваа компанија им ги нуди на државата и општините во услови на катастрофални ризици, со цел да се осигура брза финансиска помош и сигурност за државниот буџет, а со тоа и брза помош за граѓаните и домаќинствата кои ќе бидат соочени со последици од ваквите можни ризици.
На состанокот, како што се додава во соопштението, биле разгледани можностите за достапните форми за помош за осигурување на земјоделското производство во услови на евентуални ризици, како што се сушата, прекумерните врнежи, поплави и град.
Со оглед на фактот што Македонија изминативе години се соочува со сериозни ризици од поплави и други ризици што ги покриваат споменатите програми, премиерот Заев соопштил дека постои волја да се обезбеди поголема сигурност и заштита на буџетот, и од тие причини сериозно ќе бидат разгледани можностите што и се нудат на Република Македонија и општините со овие корисни модерни програми за буџетска заштита и финансиска сигурност за граѓаните на Македонија.
Ново на Сител
-
Вливот на реките рак рана за езерото
-
Преглед на вестите од светот
-
Teма на денот со Кристина Костова, потпретседателка на СДСМ
-
Преглед на вестите од светот
-
Судот одреди куќен притвор за скопјанецот кој со мотор го усмрти Југослав – Обвинителството вложи жалба
-
Пеколните горештини причина за колапси и сообраќајни несреќи
-
Гази Баба неколку дена без вода, градоначалникот најавува кривична пријава
-
Наместо данок за невенчани, владата да обезбеди повисоки плати и подобар стандард, велат од Реактор