Заев: Повикувам на брзи предвремени парламентарни избори
Предвремени парламентарни избори најбрзо што може. Ова е предлогот кој премиерот Заев утре ќе го изнесе на лидерската средба кај претседателот Пендаровски.
Шефот на македонската влада на овој чекор се одлучил по епилогот од Брисел, каде што Македонија не доби датум за почеток на преговори. Заев истакна дека на седницата на Европскиот совет ни била нанесена голема неправда, а Европската унија не го испорачала тоа што го ветила.
Заев потенцираше дека сме жртви на историска грешка, поради што чуствува разочараност и лутина. Причината за недоделување датум ја гледа во нерешените внатрешни прашања во самата Европска унија, но како што рече, ја презема целата одговорност врз себе. Токму затоа ги повика граѓаните на предвремени избори избори да одлучат која опција и кој пат ќе го изберат.
Горан Симоновски
Ново на Сител
-
Од петок маркетите ќе ги објавуваат цените на сите производи на интернет
-
Ја менува ли политиката Германија кон проширувањето
-
Мицкоски во Обединетите Арапски Емирати
-
Тема на денот со Борче Треновски, професор
-
Сведочење на Палевски
-
Венко Крстевски ќе раководи со Кочани до локалните избори
-
Осомничениот Дритон Куќи се врати во Македонија, истрагата за пожарот во Кочани продолжува
-
Левица поднесе интерпелација за Тошковски