Заев порачува дека го ослободиле патот за правдата, за ВМРО-ДПМНЕ пресудата е изнудена под притисок од јавноста
Пресуда донесена под жесток притисок на јавноста и меѓународниот фактор. Вака опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја коментира одлуката на Кривичниот суд за Сашо Мијалков истовремено додавајќи дека го поздравуваат секој чин на правда, без разлика како дошло до неа. Од партијата велат дека лошо е што поради Мијалков многу луѓе завршуваат во затвор како колатерална штета. Велат, притисокот на јавноста го оневозможи првиот дел од договорот на Заев и Мијалков.
Премиерот Заев се јави со реакција на социјалните мрежи. Вели кога има правда, има и мир.
„Го ослободивме патот по кој денес дојде правдата. Граѓаните, државата, институциите и системот – тоа сме ние. Сите ние, секој од нас денес може да има повеќе мир за себе, во себе. Бидејќи, кога има правда има и мир! “ – напиша премиерот на социјалните мрежи.
Слична реакција испратија и од неговата партија. Велат стигнала правдата за над 20.000 граѓаните кои наводно биле незаконски прислушувани.
Екс директорот на УБК утрово доби 12 годишна затворска казна за случајот Таргет Тврдина.
-
Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар