Заев по повод Божик: Сплотени во љубов да го победиме злото што ја одбележа минатата година
Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, во свое и во име на Владата, упати честитка по повод големиот христијански празник Рождество Христово – Божик, до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископ охридски и македонски Г.Г. Стефан, до членовите на Синодот, до свештенството и монаштвото, како и до сите православни верници во нашата земја.
Премиерот Заев во честитката ја изразува желбата во срцата на сите верници да се всели безусловна љубов, мир, спокојство, радоста и почит во духот на празникот на радоста и надежта, кој годинава го чествуваме во посебни услови кои на светско ниво ги донесе пандемијата на КОВИД-19.
„Токму кога се соочуваме со исклучително сериозни предизвици, симболиката на најубавиот семеен празник е можност да се свртиме кон себе и кон нашите најблиски. Да ја почувствуваме топлината на семејниот дом, радоста на заедништвото и љубовта на ближните. Да ја шириме пораката Христова, која постојано не потсетува дека во милосрдието и солидарноста со другиот се остваруваме како личности. На празникот на новиот живот обединети околу универзалните христијански вредности и сплотени во љубов да го победиме ова зло и да продолжиме по европскиот пат, на создавањето дела и вредности достојни за паметење“, пишува во писмото по повод Божик премиерот Заев.
Претседателот на Владата Заев со честитките по повод Божик апелира празничните денови да ги славиме во кругот на домот, да покажеме одговорност кон себе, кон своето семејство и кон државата со почитување на препораките за физичко растојание и за носење на заштитна опрема, за да се заштитиме себеси и здравјето на нашите ближни.
„Нека е честит и благословен големиот христијански празник – Божик! Христос се роди! Навистина се роди! Останете дома во добро здравје! Имајте среќни празнични денови меѓу своите сакани!“, порачува во писмото по повод големиот христијански празник Рождество Христово – Божик, претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп