Македонија
30. July 2019 - 11:16

Заев: Oпозицијата ако сака избори еве во октомври 2020

Премиерот Зоран Заев вели дека е охрабрен од преговорите на работните групи кои се состанаа вчера, за законот за јавно обвинителство. 

Очекува консензус бидејки две работи се отстранети што биле пречка.

- Еве веќе е договорена и втората средба, и очекувам кога пратениците ќе се вратат од одмор  да го надминеме и тоа,  вели Заев. 

На опозицијата  и порача дека не го обесхрабруваат најавите ако нема датум за предвремени избори дека се џабе преговорите. Ако сакаат избори во октомври 2020.

- Охрабрен сум од преговорите на работните групи, опозицијата ако сака избори еве во октомври 2020, рече Заев на отварањето на новиот Ургентен центар во Куманово.

 

Сања Димитровска