Бизнис
8. April 2019 - 14:36

Заев: Оперативниот план за вработување дава резултати

Веќе се вработени над 3900 лица, а дополнително со мерката гаранција за млади се очекува до крајот на годината да се вработат уште 3000 млади лица.

Царовска изјави дека Северна Македонија е единствена држава која не е членка на ЕУ а ја има мерката младинска гаранција. Мерката ги поврзува младите луѓе со институциите за да ги подготват за вработување и да стигнат до вработување во реалниот сектор. Во 2020 година се очекува да се донесе закон со кое секое младо лице ќе може да се доквалификува.

 

Катерина Нешкова