Заев: Одбројуваме до денот кога народот ќе излезе за европска Македонија
Одбројуваме до денот кога нашиот народ ќе излезе за европска Македонија. Само еден настан во поновата историја може да се спореди со предизвикот со кој се соочуваме. Тоа е настанот од пред 27 години, тоа е денот кога сите гласавме за независна Република Македонија.
Ова го истакна премиерот Зоран Заев во Клубот на пратениците во Скопје каде што ја промовираше кампањата за рефередумот на 30 септември на коалицијата „Заедно ЗА европска Македонија“.
- Ни претстои настан со историски пропорции што ќе влијае на годините кои доаѓаат. Со целосна политичка одговорност коалицијата „Заедно ЗА европска Македонија“ составена од партиии, здруженија на граѓани, политички партии, граѓански здруженија, стопански комори, синдикати..., кои на претстојниот референдум сме согласни заеднички и одделно да ги повикаме граѓаните на 30 септември да излезат и да гласаат за подобра Македонија, рече Заев.
Тој посочи дека во коалицијата што ќе води кампањата „Излези ЗА европска Македонија“ заедно се здружени околу стотина субјекти во и оти очекуваме таа бројка да расте.
Ново на Сител
-
Агелер: Немате поголем поддржувач и партнер во остварување на вашите цели од САД
-
Еминем преку видеоспот објави дека ќе стане дедо
-
Подарок од срце за Светскиот ден на животните: dm донираше 678 килограми храна на три скопски прифатилишта за кучиња
-
Таравари вети вработување на половина од средно медицинскиот персонал што работи со договор на дело
-
Коцевска: Нема потреба од носење на Закон за амнестија, треба поголема примена на условниот отпуст со заштитен надзор
-
Расчистени повеќе диви депонии во општините Сарај, Карпош, Центар, Бутел и Чаир
-
Кликс: Најмалку 10 лица загинаа во поплавите во БиХ, побарана помош од Оружените сили
-
Македонски државјанин уапсен во Косово при обид заедно со други две лица со трактор нелегално да ја премине границата