Заев: Очекувам Грција да ги тргне знаците со ФИРОМ, треба да го користат името Северна Македонија
Премиерот Зоран Заев во интервју за ТВ21 посочи дека се започнати преговори со федерациите за да се смени името бидејќи треба да се имплементира уставното име на држава, а согласно договорот јасно е утврдено дека секоја институција што ја претставува државата и е финансирана од државата треба да го користи името Македонија.
-Тоа што е важно е дека треба да се знае повеќе не сме ФИРОМ и ги користиме меѓународните кодови МК или МКД и очекувам и грчката страна да ги тргне тие еден или два знаци каде што пишува ФИРОМ. Не е коректно да го пишува тоа име или пак Скопје, треба да го користат името Македонија, рече Заев.
Тој посочи дека очекува и меморундумите во грчкиот парламент да бидат усвоени, особено е важен оној за интеграција на земјава во ЕУ, како и оние за економска соработка.
Претходно и Ципрас истакна дека нема промена на дел од патните табли и се чини дека топката се подава од локалната кон централната власт.
Неодамна, при посетата на Скопје, поранешниот солунски градоначалник Јанис Бутарис нагласи дека дека на ниту еден сообраќајните патокази во околината на неговиот град повеќе не пишува ФИРОМ.
Ново на Сител
-
Основната плата во државата не може да биде пониска од минималната плата – Независниот синдикат на полицијата утре излегува на протест
-
Трипуновски: Излегуваме во пресрет на земјоделците, ќе ја направиме проценката за да се обноват површините зафатени од невремето
-
Во Скопје синоќа 92 сообраќајни прекршоци, 50 санкционирани возачи на мотоцикл
-
Најмалку 104 лица го загубија животот, а 28 се повредени во поплави во источниот дел на ДР Конго
-
Филков: Со новиот Закон за Судски совет воведуваме јасни критериуми и механизми за одговорност
-
Истрага за сообраќајна несреќа во Чаир во која има едно лице повредено
-
Приведен 29-годишен маж во Куманово, крадел предмети од црква
-
Укината забраната во Барселона и Тарагона за излегување надвор поради токсичен чад после пожар