Македонија
14. February 2020 - 16:40

Заев очекува донесени закони и распуштање на Собранието, но и преговара со други партии по кавгата со ДУИ

СДСМ не планира и не сака да формира ново мнозинство, но ако мора, тоа нема да биде проблем.

Вчера генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски преку социјални мрежи му се закани на ДУИ дека ако не продолжи тактизирањето во Собранието тие ќе си најдат нов партнер во Владата. Ваквиот став на СДСМ го револтираше Џафери кој вчера ја прекина седницата.

Денеска, откако тензиите попуштија и во ДУИ велат дека цврсто стојат зад сите предложени закони. На СДСМ му порачаа дека без нив никој нема да може да направи Влада.

Распоредот на силите во Собранието најавува неизвесен викенд кој не се знае дали ќе заврши онака како што очекува Џафери, со распуштање на Собранието во недела и избори на 12 април.