Заев очекува Бугарија да продолжи да и биде поддржувач на Македонија на нејзиниот европски пат
Премиерот Зоран Заев очекува Бугарија да продолжи да биде наш пријател и поддржувач во процесот на евроинтеграција согласно членот 2 од Договорот за добрососедство, пријателство и соработка. Како што денеска изјави земјава нема да испорача никакви конкретни чекори додека не ја добие поддршката.
– Ние сме подготвени да ги преземеме заемно како две страни нашите обврски. Впрочем, голем дел и ги преземаме непишано – борбата против говорот на омраза да ја таргетираат двете министерства за надворешни работи, но и самите институции реагираат кога се сквернават споменици, кога се валка национално знаме на која било од двете земји итн. Ги преземаме дејствијата заради тоа што пријателите тоа го прават. Но, пред нас имаме и патоказ на којшто треба да работиме, а тоа е унапредување на институционалната соработка, инфраструктураната поврзаност меѓу двете земји, меѓусебното помагање и размена на искуство на сите наши идни перспективи. Спремни сме преку дипломатска нота да дефинираме дека краткото име е исто со долгото име на државата, односно дека Северна Македонија е исто што и Република Северна Македонија, дека немаме територијални претензии, изјави Заев по денешната промоција на новата инвестиција на компанијата „Филип Морис“.
Во однос на најавите за бришење на зборот „бугарски“ каде што се споменува фашистички окупатор во учебниците и спомениците, Заев рече дека не треба да се поистоветуваат цели нации со фашистичкиот окупатор и оти ваквата најава е во духот на пријателството, добрососедство и еврпопските манири. Смета дека со ваквата најава не се меша во работата на Мешовитата македонско-бугарска комисија која, како што рече, се занимава со историските моменти од тоа време.
– Ние зборуваме за политичкиот дел на одлучувањето коешто се однесува на иредентизам, на провокативност и на неевропски манири. Во западноевропските земји, фашистичкиот окупатор нема етничка боја, нема национална боја и затоа на спомениците ќе остане фашистички окупатор, целта е да се избрише бугарски, рече Заев, додавајќи дека не смее цели нации да се обвинуваат за фашизам.
Фашистичкиот окупатор, рече Заев, беше Третиот Рајх и пактот којшто беше создаден од страна на Германија, Италија и Јапонија на кој се приклучија земји, меѓу кои беше и Бугарија, но не може да ги осудувате следните генерации дека се фашисти.
– Апсолутно не сакам на некој ниту да му учинам повеќе од тоа што е дозволено, ниту пак да направиме некои дополнителни чекори. Апсолутно граѓаните знаат дека историјата ќе испише кој бил на страната на фашизмот и кој учествувал, но тоа не значи дека треба да дадете етнички предзнак и етничка придавка пред фашистичкиот окупатор, рече Заев.
Ново на Сител
-
Најстудено на Попова Шапка, најмногу снег во Маврови Анови
-
Скијачки центар Михајлово се отвора вo среда, најавен и превоз од Кавадарци
-
ОН одобри нова мировна мисија во Сомалија
-
Јамал: Ќе се вратам уште посилен по повредата
-
Русија соопшти дека ноќеска уништила десетици беспилотни летала кои Украина ги користела за напад на нејзина територија
-
Сиљановска-Давкова, Мисајловски и Лафчиски на видео-конференциска врска со македонските мировници
-
Мексико: Се судрија автобус и камион, осум загинати, 27 повредени
-
Ново обвинение за струшкиот градоначалник, одземен му е пасошот и друга исправа за преминување граница