-->
-->
Заев: Новата учебна година ќе започне со физичко присуство со полн капацитет
-->
Премиерот Зоран Заев потврди вечерва дека учебната 2021/2022 година ќе започне со физичко присуство и со полн капацитет, според утврдените и донесени протоколи. Одлуката е усвоена на 99-тата седница на Владата, на предлог на МОН.
Исклучоци од оваа одлука може да се однесуваат на деца со ретки болести или попречености, деца кои доаѓаат од семејства со хронично болни членови, по барање на родителите, како и други немедицински причини со дозвола на училиштето.
Премиерот исто така информираше дека постојано ќе се следат состојбите и како алтернатива постојат дополнителни две сценарија: преминување на целосно онлајн настава или комбинирано, доколку дојде до промена на состојбата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Правoславните христијани го одбележуваат Велики петок
-
Денес е Велики петок - Охрид во очекување на Христовото воскресение
-
Финишира предизборната кампања
-
Скапа ќе биде велигденската трпеза
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции