Заев: Не можам да водам влада напред, ако Скопје и општините влечат назад
Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев смета дека не може Скопје и општините да влечат назад, а Владата да води напред. Затоа повика во вториот круг на изборите, да се гласа за нив, а не за ВМРО-ДПМНЕ. Посочи дека тој и неговите партиски кадри сфатиле каде се грешките, па затоа повика на обединување. Тој додаде: „Јас можам и Владата, ако скопјани не дадат поддршка со мнозинство гласови на тие кои веднаш ќе не скараат со Албанија, Грција, Србија и остатокот“. Заев рече дека може понатаму може ако се одлучи за нова инфраструктура, а не, како што рече, шмизли, галии и нов кичерај.
Заев повика граѓаните да гласаат за СДСМ, бидејќи тие градат гасоводи, градинки, инфраструктура, а не, како што рече, Шпански скали, барокни фасади од стиропор, врби.
-Не можам да водам влада напред, ако првите луѓе на градовите и селата враќаат назад, рече Заев, во одговор на прашањето како ќе продолжат по 31 октомври доколку СДСМ и коалицијата не ја добијт подддршката што ја очекуваат.
Заев упати благодарност до сите коалициони партнери кои денеска го изразија својот став и кажаа дека остануваат со коалицијата предводена од СДСМ.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Пресудата за пожарот во модуларната болница во Тетово е срамна
-
Стратешко партнерство со Британија
-
Македонски културно-информативен центар во Белград
-
Тема на денот со Гоце Димовски, директор на ТИРЗ
-
Македонски културно-информативен центар во Белград
-
Се повеќе млади страдаат од ментални заболувања, предупредуваат лекарите по општа и семејна медицина
-
Завршија мировните преговори помеѓу Русија и Украина
-
Лидерите од Европа на самит во Тирана - проширувањето е важно за Унијата