Македонија
26. October 2021 - 16:58

Заев најавува борба за победа, Мицкоски порачува дека не треба да му се верува

Јас сум борец и повикувам на единство. По три новинарски прашања премиерот Заев одби директно да одговори дали ќе си поднесе оставка доколку Шилегов го загуби Скопје.

Во ВМРО-ДПМНЕ не веруваат дека Заев ќе си замине.

Во опозицијата и натаму тврдат дека по вториот круг на локалните избори ќе има ново парламентарно мнозинство но не откриваат кои партии би го составиле. Без коментар денеска и БЕСА, една од партиите кои се поврзуваше со можен трансфер во јатото на Мицкоски, особено по договорот со Алијанса за меѓусебна поддршка. Од таму велат, сега се прави договор за локални избори. Од понеделник ќе се носа одлуки за следните чекори.

Во пресрет на гласањето речи си сите политички актери излегоа со став за тоа дали и какви насоки ќе им дадат на своите гласачи во недела. Левица најави дека за тоа ќе одлучува викендов но до овој момент, се што може да се добие како информација од партијата е ставот на лидерот објавен на социјалните мрежи.