Заев на средба со Сојузот на средношколците: Потврдено договореното решение за државната матура
Претседателот на Владата Зоран Заев попладнево ги прими претставниците на Сојузот на средношколци во насока на продолжување на разговорите и изнаоѓање решение за нивните барања за модифицирање на државната матура.
На средбата, на која присуствуваа и директорката на Државниот испитен центар Елизабета Наумовска, директорот на Бирото за развој на образованието Зеќирија Хасипи, Ѓорги Тасев, советник на Премиерот за млади и младински политики и пратениците Моника Зајкова и Дарко Каевски било посочено дека претходно договореното решение во однос на државната матура, за полагање на два екстерни предмети останува.
Преговорите, како што посочуваат од владината прес-служба, продолжуваат во работни групи во делот на изнаоѓање најсоодветен концепт, односно модел за изведување на интерните предмети.
Присутните на денешната средба се согласиле и ја поздравиле одлуката низ дијалог да се изнајде најсоодветното компромисно решение, кое ќе ги доведе во рамноправна положба сите матуранти да можат да го остварат своето идно образование.
Ново на Сител
-
Без вода дел од Батинци
-
Приведен жител од Тетово во чиј дом е пронајдена дрога
-
Од Скопскиот аеродром до 44 дестинации со зимскиот ред на летање, до четири од Охридскиот
-
Алба изненаден од изоставањето на Меси од номинацијата за „Златната топка“
-
Европратеници лобираат за укинување на промената на сметање на времето
-
Лазаров пред реваншот со Клаипеда: Одиме на победа и на вториот меч
-
Жител на Мала Речица се снимал со бомби во рацете, ОЈО бара притвор
-
Мицкоски ќе присуствува на отворање на канцеларија за услуги на граѓаните во Аеродром