Заев на Самитот „Македонија 2025“: Владата ќе вложува во зајакнување на технолошкиот и човечкиот потенцијал
Премиерот Заев на денешната панел сесија на отворањето на Самитот на „Македонија 2025“ подвлече дека Владата, како и останатите земји во светот, е насочена кон екологијата, енергетиката, заштедата на енергијата, дигитализацијата и по надминувањето на КОВИД кризата е подготвена за брз рестарт и унапредување на реформите кои се однесуваат на администрацијата, кои, како што нагласи Премиерот, се започнати и се однесуваат кон зголемување на ефектите на јавната администрација.
Премиерот Заев во однос на прашањето за подобрувањето на деловниот амбиент во државата посебно нагласи дека основната цел на Владата е да не штеди и да вложува во зајакнување на технолошкиот и човечкиот потенцијал на нашата земја, при тоа нагласувајќи дека евтината работна сила не треба да биде основна карактеристика за вложување туку да се искористи можноста дека нашата држава се уште е привлечна за инвестиции во поглед на ниските даноци и пониските цени на ресурсите.
„Државата е подготвена да не штеди пари, да не штеди ресурси и било какви потенцијали за да вложи во јакнење на тој технолошки и човечки потенцијал во државата, рековме нашата предност е човекот, ние имаме генерално добро образование кое што мораме да го преадаптираме на модерните трендови на потребите на пазарот на трудот“, рече Премиерот.
„Главната цел ни е да ја зголемиме конкурентноста на компаниите, микро компаниите, да ги направиме бизнисите конкурентни. Тоа зависи и од продуктот на трудот. Граѓаните, бизнисмените, работниците сите заедно успеаја да и пркосат на кризата и да ги зачуваат местата. Таргетиравме 200.000 работни места, по анализите сочувавме 80.000 работни места кои би биле изгубени ако не развивме вакви економски пакети, како што развива и целиот свет и тоа ги дава резултатите. Многу е значајно што помогнавме на ранливите категории на граѓани и на посиромашните за да се преброди оваа криза“, рече премиерот Заев информирајќи за четирите пакети за поддршка на компаниите и граѓаните за време на здравствено-економската криза.
Тој подвлече дека, Владата е посветена во однос на економијата, да ги максимизира сите домашни ресурси и човечки потенцијали како интелектуалци, професори, практичари во бизнисите, кои можат да помогнат на државата во однос на засилување на економскиот раст и развој на Македонија.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово