Заев: Ќе се повлечам доколку го загубиме Скопје, ама Владата и натаму ќе ја предводи СДСМ
Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, во вечерашното гостување на ТВ Сител повтори дека доколку кандидатот на СДСМ во Скопје, актуелниот градоначалник Петре Шилегов, ја загуби битката против опозициската кандидатка Данела Арсовска, тој „не може да ја води Владата“, затоа што, според него, локалната власт во тој случај ќе прави опструкции на политиките на централно ниво. Но, Заев појасни дека тоа автоматски не значи дека ќе бидат распишани предвремени парламентарни избори.
„Пораката е генерално за мобилизација. Јас сум се борел против режим, внатре сум се борел, сум носел храбри одлуки. Но треба поддршката од граѓаните. Не може да имате општини кои го шират национализмот, конзерватизмот. Да има политики кои ќе ве скараат со соседите. Јас реков отворено, јас или Влада преводена од мене, не може понатаму така да води. Парламентарното мнозинство е стабилно, верувам дека ќе имаме и некој плус. Не можете да бидете локомотива, да бидете лидер во таква ситуација. Пораката е кон граѓаните, да излезат, да дадат свој правец“, рече Заев.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализира својата коалиција
-
Еко акција во Прилеп
-
Штипска фирма доби забрана за работа поради загадување
-
Преглед на вести од светот
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите