Заев: Ќе испорачаме уште аргументи за позитивна одлука за преговори што е можно поскоро
Во периодот пред нас, Македонија ќе испорача уште повеќе аргументи до Европската Комисија и до сите земји членки на ЕУ, одложената позитивна одлука за нашата земја да дојде колку што е можно поскоро за да биде исправена грешката од Самитот на Европскиот совет во октомври, му порача премиерот Зоран Заев на новиот комесар за соседска политика и проширување Оливер Верхеји, на средбата на маргините на Самитот на Централно европската иницијатива што се одржа денеска во Рим.
Како што соопшти владината прес-служба, премиерот Заев на средбата изрази благодарност за поддршката што доаѓа од ЕК во континуитет, како и лично од комесарот Верхеји во овој кус период од неговата инаугурација. Заев, се додава во соопштението, честитајќи му ја новата функција, го истакна позитивниот пристап кој доаѓа од Вархеји и неговата земја Унгарија, како израз на искрен пријател на нашата земја и на проширувањето на ЕУ.
– На средбата беше истакнато дека Македонија, во процесот на пристапување ги оствари сите услови со спроведување на домашните реформи и со договорите со Грција и Бугарија, што ја направи нашата земја пример во регионот, како држава без отворени прашања со соседите. Успесите на земјата се успеси и на ЕУ, беше нагласено на средбата меѓу премиерот Заев и еврокомесарот Верхелји, и Македонија ќе продолжи со уште поголем фокус на имплементацијата на реформите и во борбата против корупцијата и организираниот криминал, се додава во соопштението.
Еврокомесарот Верхеји од своја страна истакнал дека ЕК силно го поддржува отворање на преговори со Македонија и дека со земјите членки на ЕУ се работи на усогласување на ставовите за евентуални промени во методологијата и процесот на проширување што ќе овозможат брза позитивна одлука за земјава.
Верхеји порача дека најавите дека Република Македонија останува посветена да испорачува резултати во демократските реформи се од големо значење и го истакна очекувањето за поддршка од сите политички фактори, вклучувајќи ја и опозицијата, во интерес на граѓаните на земјата, и во донесувањето на законот за јавно обвинителство.
Еврокомесарот за соседска политика и проширување најави посета на нашата земја, и засилен ангажман од целата ЕК за да се потврди определбата за забрзани перспективи за проширување и јасна економска корист за земјите и граѓаните од Западен Балкан, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Кардиналот Ре се надева дека вечерва ќе биде избран новиот папа
-
Скопската полиција на лице место фати криминалци кои краделе во објектите на поранешна Железара
-
Кривична против 39-годишник, ја следел неговата поранешна партнерка и упатувал закани преку пораки
-
Кривична за сопственик на фирма, работник без работна дозвола се заглавил во работна машина и починал
-
Лишен од слобода албански државјанин на ГП „Блато“, понудил поткуп на полицаец
-
ОЈО отвори истрага против 21-годишен скопјанец, во претрес на таванска просторија во зградата каде живеел пронајдена дрога и оружје
-
Малолетник нападнат од неколку лица на автобуска станица во Центар
-
Муцунски: Посветени сме на реформите, но очекуваме и Брисел да го исполни она што го вети кон Западниот Балкан