Бизнис
22. March 2020 - 16:38

Заев: Јавниот сектор и функционерите ќе земат минимална плата за април и мај

Со заем од странски банки во износ од 400 милиони евра, како и со повлекување на дополнителни 87 милиони евра од Меѓународниот монетарен фонд и од 100 до 120 милиони евра од Светската банка Владата Владата планира да ги санира штетите во економијата од коронавирусот. Шесто милиони евра треба да обезбедат ликвидност на буџетот, финасирање во секторот здравство, но и за директна помош на македонската економија за заштита на работните места и опстанокот на компаниите.

Мерките се потпишани и дополнителната заменик-министерка од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која повика и накупување македонски производи.

Ребаланс на буџетот нема да биде потребен, бидејќи вонредната состојба дава механизми за слободно располагање на парите од буџетот, вели Анѓеловска. Највува и пренамена и кратење на буџетски пари од еден во друг сектор, велејќи дека товарот треба да го понесе секој. Но министерката не прецизира дали тоа ќе значи и кратење на платите во администрацијата.

Владата се уште не размислува и за укинување на минималната плата за да може фирмите да исплатуваат онолку колку што можат во вакви услови, како што бара бизнис секторот.

Малопродажбата  пак, денеска побара итна средба со Владата за да предложат сет мерки за спас на нивниот сектор. Претставниците од 17 холдинзи со над 200 продавници и околу 1.700 вработени велат: не едноставно клуч на врата, а вработените дома, со ова се соочивме по затворањето на моловите.

„Со неработењето на продавниците имаме проблеми со ликвидноста, зголемување на корпоративните долгувања, неможноста за исплата на плати и придонеси, неплаќање на јавни и царински давачки, како и неможноста за исплата на камати и кредити. Исто така имаме проблем и за сервисирање на трошоците кон домашните трговски центри и домашни добавувачи на стоки и услуги“ потенцираат претставниците од 17-те холдинзи.

Анѓеловска најавува дека наскоро Владата ќе излезе и со втор сет на владини мерки во економијата. Точна проценка на штетите во стопанството се уште нема, но очекува најголемиот шок од корна вирусот во економијата да се случи во вториот квартал во годината. Стабилизирање Анќелквска очекува веќе во третата четвртина, а до крајот на годината и целосно опоравување.