Македонија
14. April 2021 - 16:48

Заев ја прифати оставката, Мицкоски бара затворски казни за злоупотреби

Оставката на Рашковски е морален чин, но не е доволна. По серијата скандали лидерот на опозицијата бара казна затвор за екс генералниот секретар и оставка на целиот владин кабинет. 

Не може службеник со плата од неколку стотици евра и професор на факултет да поседува и  да гради хациенда и да летува во Мексико во ек на пандемија, и да се вози со нови џипови ако се негови, така објавија медиумите. Ако сето ова се потврди дека е точно, ова е уште еден срам и блам на оваа Влада. Оваа лице (Драги Рашкоски) беше едно од најблиските соработници на Владата, тогаш којзне што се случува со овие другите, срамота е ова што се случува. Она кое што можам да кажам е дека се срамам што вакви луѓе се мои колеги иако сме на различни факултети“ изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО ДПМНЕ.

Премиерот Заев веќе прифати оставката на Рашковски. Од Владата објаснуваат дека тоа е негово лично право, но остануваат на ставот дека нема ништо спроно во набавката на софтверот за сообраќани прекршоци, што ќе се докажува преку истрагите на надлежните институции. 

Уште еднаш потенцираме дека набавката на софтверот е спроведена во целосно транспарентна процедура во целосна согласност со Законот за јавни набавки, институциите имаат потреба од тој софтвер за сообраќај. Истиот е набавен по сума која е спуштена низ тендерската постапка. Тој софтвер е тестиран, исправен, финкционален и нашите институции ќе го користат, а бенефит ќе имаат граѓаните и нивната безбедност. Владата работи по највисоките стандарди – професионални, правни, етички и законски постапки и нема да дозволи нарушување на ваквите стандарди за отчетност и транспарентност, вели Душко Арсовски портпарол на Владата. 

Позицијата на Рашковски секретар за мониторинг и поддршка на институциите за реализација на владината програма засега останува празно.