Заев испрати честитка за изборот на Курти
Премиерот Зоран Заев испрати писмо со честитки до Албин Курти по повод неговиот повторен избор за претседател на Владата на Република Косово.
Како што соопшти владината прес-служба, во писмото, како и во телефонскиот разговор во текот на вчерашниот ден, премиерот Заев на својот косовски колега му посака успех во извршувањето на одговорната функција и го изрази задоволството од пријателските односи меѓу Македонија и Косово.
-Нашата соработка се остварува низ отворен политички дијалог, заснован на меѓусебно уважување и почитување, низ интензивна економска и трговска соработка, тренд кој очекуваме да продолжи со несмален интензитет и во наредниот период што ќе овозможи продлабочување на вкупната соработка и во други области од взаемен интерес, стои во писмото од Заев до премиерот на Косово.
Заев, се посочува, во писмото истакнува дека е уверен оти политичкиот дијалог и соработка ќе продолжат со несмален интензитет и со посебен акцент на европската и евроатлантската соработка и со меѓусебна поддршка, консултации и размена на искуства за натамошен прогрес во реализирањето на стратешките цели на двете земји. Се изразува надеж за скорешна средба на двајцата премиери.
Ново на Сител
-
Од петок маркетите ќе ги објавуваат цените на сите производи на интернет
-
Ја менува ли политиката Германија кон проширувањето
-
Мицкоски во Обединетите Арапски Емирати
-
Тема на денот со Борче Треновски, професор
-
Сведочење на Палевски
-
Венко Крстевски ќе раководи со Кочани до локалните избори
-
Осомничениот Дритон Куќи се врати во Македонија, истрагата за пожарот во Кочани продолжува
-
Левица поднесе интерпелација за Тошковски