Македонија
20. September 2019 - 19:21

Заев и Мицкоски повторно на заедничка маса само ако има напредок во разговорите за законот за ЈО

Премиерот Зоран Заев прво чека известување од работните групи за напредок, па дури потоа ќе седне на маса со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски. Заев е оптимист дека наскоро ќе има договор. 

Мицкоски пак вели дека за нова лидерска е можно само ако има приближување на ставовите. Тој вели дека власта е таа која не сака договор за законот за Јавно обвинителство. 

Мицкоски негираше дека веќе разовараат со потенцијални кандидати за јавен обвинител, што опозициската партија би го предложила како свој кандидат, доколку се постигне компромис.