Македонија
5. December 2021 - 20:02

Заев и Гаши ставија потпис: Алтернатива доби тројца министри исто толку заменици и неколку директорски места

Премиерот Зоран Заев и лидерот на Алтернатива Африм Гаши склучија договор за соработка во Владата. Владејчкото мнозинство се стабилизира на 64 пратеници.

Партијата на Гаши за сметка на своите 4 пратеници во парламентот во Владата ќе добие министер за здравство, министер за информатичко општество и администрација и министер без ресор за дијаспора, како и три заменички места во образование, култура и веројатно во земјоделие. Алтернатива ќе добие и уште 40-тина директорски позиции, меѓу кои во МЕПСО, Пензискиот фонд, Железници и во Клиничкиот центар во Тетово.

Новите министри на Алтерантва ќе влезат во новата влада која треба да биде изгласана по одлуката на Европскиот совет за почеток на прегвороите за членство која пак, се очекува од 14 декември до 15 јануари. До тогаш Заев ќе биде премиер, по што ќе поднесе оставка, а својот наследник и во СДСМ и во Владата го гледа во Димитар Ковачевски. Предвремени избори нема да има, тврди премиерот во заминување.

Гаши пак, ги најави програмските цели на идната Влада меѓу кои освен почеток преговори со ЕУ, ќе се најдат и развој на липковски крај, 20 отсто максимално покачување на струја, борба со корупцијата, права на заедниците, но и ревизија на судски предмети.

Лидерот на Алтенратива нагласи дека на локално ниво остануваат во коалциија со Алијанса на Албанците и ВМРО-ДПМНЕ согласно резултатите од локалните избори, доколку тие тоа го прифатат. Во меѓувреме, пратеникот Скндер Реџепи го информирал собранискиот спикер Џафери дека повеќе не е координатор на коалицијата Алијанса и Алтернатива. Се очекува Реџепи да заземе потпретседателско место во Собранието.

Од ДУИ велат дека знаеле за новата рааспределба на ресори и преговорите со Алтернатива.

Од ЛДП пак, се резервирани.

Од опозицската ВМРО-ДПМНЕ коментираат дека Заев е спремен да ја плати секој цена за да остане на власт.

Од партијата на Мицкоски неприфатлива е договорената ревизија на судски предмети и го сметаат за мешање во судската власт.