Заев и Ахмети утре на средба за финален договор – Влада пред крајот на летото
Заев и Ахмети утре седнуваат на заедничка маса за финален договор за формирање на новата Влада. Информацијата денеска ја потврдија од СДСМ преку писмено соопштение.
„ За време на викендот и денес продолжија интензивните работни средби меѓу претставниците на СДСМ и Коалицијата “Можеме” и ДУИ со цел креирање коалициски договор за идна стабилна Влада на Република Северна Македонија.
Тимовите на СДСМ и ДУИ интензивно работеа на создавање брз и темелен коалициски договор уште во првите денови од уставно определениот рок од 20 дена после добивањето на мандатот. Во разговорите кои се водат на ниво на генерални секретари постигнат е сериозен напредок по однос на речиси сите прашања кои водат до договор за Влада.
Со оглед на итноста и потребата од брзо ставање во целосна функција на клучните институции во државата заради справувањето со здравствените и економските предизвици поврзани со Ковид-19, во текот на утрешниот ден ќе се одржи лидерска средба меѓу претседателите Зоран Заев и Али Ахмети на која се очекува конечен договор за нова, стабилна, посветена Влада со мандат од четири години.“ – стои во соопштението на СДСМ.
Од СДСМ велат дека во наредните денови се очекува да продолжи и конститутивната седница на која со голема веројатност Талат Џафери ќе биде избран да го води Собранието.
Од ДУИ вчера доцна вечерта преку писмено соопштение ги обвинија партиите од албанската опозиција дека им ги минираат преговорите.
„Албанците не заслужуваат толку недостоинствена и неконзистентна опозиција која поставува услови само за Албанците, додека скитаат по ходниците на СДСМ и на ВМРО само за да предизвикаат неуспех во реализацијата на националните прашања.
Поднесете Оставка за својата 16-та загуба по ред, бидете достоинствени и со демократски капацитет и не ги потценувајте ги Албанците. Неуспешните узурпатори на опозицискиот кампус својот личен неуспех го претвораат во неуспех на Албанците стоејќи на шалтерите на СДСМ и ВМРО дење и ноќе со молби албанските барања да не се реализираат.“ – стои во соопштението на ДУИ.
Од Алијансата велат дека ДУИ само бара алиби за неуспехот да го реализира своето клучно ветување од предизборниот период а тоа е избор на премиер Албанец. Од партијата на Села уште еднаш изразија подготвеност да гласаат за кандидатот на ДУИ но само ако тој добие нов 4 годишен мандат.
Од таму велат дека Владата со поддршка од 62 пратеници е веќе договорена и дека во меѓувреме, СДСМ и ДУИ прават театар за граѓаните во обид да си најдат оправдување за фактот дека нема да ги реализираат своите предизборни ветувања.
Во ВМРО-ДПМНЕ и денеска не го коментираат преговарачкиот процес.
„Се уште траат преговорите за формирање на парламентарно мнозинство од страна на узурпираниот мандатар од страна на Стево Пендаровски, така да во овие моменти би почекале да видиме што ќе се случи во следниот период“ – изјави на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски
Тој додаде дека во моментов партијата работи на инцијатива до Уставниот суд со која ќе се оспори постапката во која Претседателот Пендаровски му го додели мандатот за формирање на нова Влада на лидерот на СДСМ Зоран Заев.
Рокот во кој Заев треба да ја состави новата Влада и предлогот да му го достави на Собранието истекува на 2 септември. По ова, Собранието има рок од 15 дена предлогот да го стави пред пратениците. За избор на новата Влада на мандатарот ќе му треба поддршка од 61 пратеник.
Ако се изземат претходните избори кога од денот на гласањето до формирањето на новата Влада поминаа 171 ден, сите претходни владини кабинети од 1994 до 2014 во просек се избирале во рок од 49 по одржувањето на изборите. Од 15 јули до денеска се поминати 33 дена, што значи дека евентуален избор на Влада во периодот до крајот на месецот би ја ставил и оваа постапка во рамките на историскиот просек.
Александар Спасовски
Ново на Сител
-
Како да ги искористите ваучерите за инвертер клими?
-
Тема на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-
Прв пат во Македонија дијагностицирана ретка генетска болест „Фабри“ - Двајца пациенти се на терапија
-
Преглед на вестите од светот
-
Реформската агенда за ЕУ пред пратениците
-
Силјановска: Реален и рационален е оптимизмот за одблокирање на европската интеграција
-
Антикорупциска: Незаконско е назначувањето членови за УО на Академијата за судии и обвинители
-
ДКСК: Екс-министерката за култура на службено патување трошела буџетски пари за приватни цели