Македонија
14. October 2021 - 16:32

Заев е оптимист: По изборите се зголемуваат шансите за договор со Софија за 50 проценти

Има позтивни сигнали од Бугарија за надминување на блокадата за почеток на преговорите спо Унијата, вели премиерот Зоран Заев. Оптимистичките најави тој ги сподели на Самитот за западен балкан организиран од Економист, но вели и дека изборите во двете држави може да го одложат брзото решение.

Виуцепреиерот Димитров пак, вели дека официјална Софија мора да презеде државнички чекор и да ги ослободи евроинтеграциите за регионот.

Пораките од диплоамтите се пак, реформите во справување со корупцијата и подобрување на владеењето на правото мора да продолжат и покрај проблемите на Унијата со интеграцијата.

Амњрикансата мабасадорка Брнз пак, вели дека соработката и билатералните договори се решение на проблемите особено во постковид периодот.

Брнз вели дека дел од решението не е само политичката, туку и економската сорабтока и инвестициите.