Заев: Доаѓаат избори и модерно е да се протестира, но треба да бидеме разумни
По најавите од Независниот синдикат на Клинички центар за протести доколку не се исполни ветувањето за плата од 100 илјади денари на специјалистите премиерот Зоран Заев денеска им предложи тие да ги продолжат разговорите со министерот за здравство и со директорот на Фондот за здравствено осигурување.
Ќе се најдат, изјави Заев, ресурси за да се зголеми нивното задоволство како здравствени работници.
-Се трудиме да постигнеме 100 илјади денари, прилично амбициозна работа е од помалку од 40 илјади денари да стигнете до 100 илјади за специјалистите затоа што веднаш ги отвораат спиралите на другите плати. Кога планираме покачување на платите на специјалистите веднаш мораме да го планираме следниот чекор да биде за медицинските сестри и за болничкиот персонал, тие работат тимски. Дај боже државата да има повеќе пари. Со огромни ресурси, резерви коишто благодарение на транспарентните постапки се остварени во здравството и во сите други области на работење и живеење, можеме да кажеме дека обезбедуваме доволно ресурси за нивна нивелација, изјави Заев, одговарајќи на новинарски прашања.
Доаѓаат, дополни, избори и модерно е тоа сите со протести – ќе протестираме, ќе се закануваме, но сите сме граѓани на оваа земја и треба да бидеме разумни. За две години и пет месеци, потенцираше, навистина имавме сериозно покачување првин на сите плати во државата, не само на јавната администрација.
– Како Влада со лева ориентација веруваме во човечкиот капитал во нашето општество и вложуваме сериозно во него наместо во непродуктивни работи коишто сме ги гледале во минатото и предлагаме на синдикатот да продолжат разговорите со министерот и со директорот на фондот. Ќе се изнајдат секако ресурси за да биде повисоко нивното задоволство како здравствени работници биде повисоко, рече Заев.
Прашан дали најавените предвремени парламентарни изборите може да ги забават плановите за старт на изградбата на новиот клинички центар премиерот потенцираше дека консултирале правници што е дозволено во тек на функционирање на техничка влада и изборна кампања и оти е утврдено дека нема потреба да застанат таквите јавни постапки за избор на изведувачи.
– Очекуваме постапките да завршат околу нова година или нешто после нова година, нормално, ако се биде по план, рече Заев.
Изградбата на инфраструктурата, посочи, може да почне во јануари или февруари, но мора да се има предвид и евентуалното право на жалби. Изградбата може да стартува откако ќе бидеат правосилни сите постапки кои ќе бидат запазаени до крај, потенцираше Заев.
Ново на Сител
-
М-НАВ: Преземаме чекори за доекипирање со кадри, примена на нови технологии, замена на старата опрема и реорганизација
-
Ќе има мерки многу скоро кои ќе бидат прецизни и таргетирани, вели Мицкоски за инфлацијата
-
Гори ниска вегетација и површина со трева и дрвја во и надвор од кругот на фабриката за оружје и муниција во Самоков
-
Ефективен притвор за 25-годишниот возач на мотоцикл кој усмрти пешак и избега
-
Од 16 алкотестирани 7 лица управувале пловен објект под дејство на алкохол во Охрид
-
Грција: Девојка се онесвестила откако ја запросиле, лекарите констатирале мозочно крварење
-
Две жени се степале на Бит Пазар поради недоразбирање во сообраќајот
-
Пронајдено изгорено тело по пожарот во Ѓорче