-->
-->
Заев денеска нема да го добие мандатот од Иванов
-->
Лидерот на СДСМ денеска нема да го добие мандатот од Претседателот Иванов, дознава Press24 од свои извори.
![](/sites/default/files/styles/large/public/article/teaser-images/2017/february/zaevcestitka-640x320_1-106856.jpg?itok=vNzQFDN8)
Според информациите, делегација на СДСМ денеска во 14 часот ќе достави доказ за обезбедено мнозинство до Кабинетот на Иванов.
Од таму ја потврдуваат ова информација но не откриваат кога Претседателот ќе ја донесе својата одлука.
Она што може да се добие како неофицијална информација е дека Заев денеска нема да добие мандат и дека Претседателот Иванов, својата одлука ќе ја соопшти во наредните денови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Веста дека починал Илија Темелковски не е точна
-
Кривична за поранешниот директор на охридската Општа болница
-
На Санторини прогласена вонредна состојба
-
Неколку лица ограбиле, па запалиле деловен објект во Бутел
-
25-годишен маж по расправија со својот брат, си ја запалил куќата
-
Триесетдневен притвор за поранешниот директор на СОЗР, Пеце Мирчевски
-
МВР: Извршени претреси на 16 локации во Одделот за општи и заеднички работи
-
ZANO донира инхалатори за пациенти со муковицидоза