Македонија
11. August 2021 - 10:22

Заев: Брзо ќе ги обновиме шумите

Преку социјалните мрежи премериот Зоран Заев упати благодарност до сите кои помогнаа во гасењето на пожарите и додаде дека важно е што луѓети, куќите и шталите се заштитени а шумите брзо ќе се обноват.

„Солидарноста, системското функционирање, хиерархиската поставеност, во координација со меѓународните сили, го дадоа резултатот за да се локализираат и изгасат пожарите.

Заслужни за тоа се армиските хеликоптери, заедно со нашите херои – пожарникарите, полицијата, армијата, шумарите и шумските служби, ДЗС, ЦУК, како и помошта од Австрија, Словенија, Романија, Бугарија и Србија.

Голема е загубата во делот на шумите, но во брзо време ќе ги возобновиме. Важно е дека се заштитени луѓето, куќите, шталите и имотите на граѓаните.“, напиша Заев.