Заев: Британската поддршка долнителна мотивација за интеграциите во ЕУ и НАТО
Огромната поддршка која Обединетото Кралство и ја дава на Македонија за остварување на евроатлантските интеграции, претставува дополнителна мотивација за забрзување на реформите за економскиот просперитет на сите граѓани.
Ова го истакна премиерт Зоран Заев на средбата во Владата со делегација на Министерството за надворешни работи на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, во која беа Ричард Мур, генерален директор за политички прашања и раководителката на Одделот за Албанија, Косово и Македонија во Секторот за Западен Балкан Кетрин Барнс.
Како што соопшти владината прес-служба, премиерот Заев се заблагодари за континуираната британска поддршка позитивно оценувајќи ги билатералните односи и политичкиот дијалог кој на највисоко ниво се води меѓу двете земји.
Претставниците на британската Влада, пак, се посочува, го поздравија договорот помеѓу Македонија и Грција за прашањето за името и стратегиска соработка, потпишан на 17 јуни годинава, изразувајќи уверување дека подобрувањето на односите со Грција и со останатите соседи додава енергија за остварување на перспективите на Македонија во ЕУ и НАТО.
Претставниците на британското МНР со премиерот Заев разговарале и за детали од претстојниот Самит посветен на Западен Балкан, во рамки на Берлинскиот процес, кој ќе се одржи на 9 и 10 јули во Лондон, а на кој една од главните теми ќе биде помош при дигиталната трансформација.
- Во таа насока, беше констатирано дека Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска останува посветена на економската стабилност, развојот на инфраструктурата и трговијата со цел унапредување на поврзаноста на земјите во регионот на Западен Балкан, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Топлотниот удар го зема ,„Данокот“
-
Недостигаат хотели на брегот на езерото
-
Преглед на вестите од светот
-
75 години Друштво на филмски работници - почнуваат денови на македонскиот филм
-
Финансиската полиција со кривични пријави од над една милијарда денари изминатата година
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-
Пратенички прашања во Собрание
-
Муртезани: 26 земји во Унијата го признаваат македонскиот јазик и идентитет, освен Бугарија