Заев беше гостин на вториот натпревар „ГастроМак“ во Струмица
Премиерот Зоран Заев вечерва беше гостин на вториот Интернационален гастрономски натпревар - „ГастроМак“, чиј домаќин изминатите неколку денови беше градот Струмица, и на кој учествуваа околу триста натпреварувачи и гости од целиот свет, вклучувајќи ги САД, Индија, Пакистан, Велика Британија, Русија, Италија, како и од соседните земји Бугарија, Србија, Албанија и Грција.
Претседателот на Владата истакна дека оваа манифестација ги става Струмица и Македонија на светската гастрономска мапа, соопшти владината прес-служба.
Заблагодарувајќи им се на присутните, а особено на учесниците кои дојдоа од 30 земји, Заев истакна дека само со позитивен дух светот може да биде подобро место за живеење, а дел од него ќе бидат и Струмица и Македонија.
Премиерот на оваа манифестација ја врачи Гран-при наградата за најдобар готвач, а организаторите на „ГастроМак“ на Заев му врачија симболичен подарок, се додава во соопштението.
Манифестацијата „ГастроМак“ беше можност за запознавање на традициите и културите на другите народи. Овие манифестации и средби, во исто време, се значајни настани за воспоставување нови пријателства за подобри врски со другите народи и традиции.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Горан Марковски кандидат за градоначалник на Град Скопје
-
Успение на Пресвета Богородица - стотици верници со собраа во манастирот кај Матка
-
Мицкоски: Растот на нето-платата сега е двојно поголем во однос на периодот на владата на СДСМ
-
Стружани бараат возобновување на црквата
-
Мицкоски: Опозицијата ќе биде поразена, од ДУИ велат, тој испраќа пораки за затоплување на односите
-
Во земјата се потребни повеќе центри за менаџирање на дебелината
-
Сејф сити - Систем активен во Словенија, наскоро и во Македонија
-
Преглед на вестите од светот