Заедничка вечера на шефовите на дипломатиите од ЕУ и Западниот Балкан во Луксембург
Брисел – Во пресрет на утрешниот Совет за надворешни работи на ЕУ (ФАЦ), вечерва во Луксембург ќе се одржи неформална вечера на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Европската Унија и на државите од Западниот Балкан.
Вечерата, чиј домаќин е високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас, ќе претставува можност за размена на мислења на европските министри со нивните колеги од Западниот Балкан за пристапниот процес и за актуелните меѓународни случувања.
Инаку, Западниот Балкан ќе биде една од темите и на утрешната средба за министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел. Покрај за регионов, на заседанието на ФАЦ ќе се разговара и за најновите случувања поврзани со Украина, за состојбата на Блискиот Исток, пред се во Сирија, како и за односите меѓу ЕУ и Африка. Предвидено е и министрите да ја одобрат Заедничката позиција на ЕУ за контрола на извозот на оружје.
По завршувањето на Советот ќе се одржи и првиот Дијалог на високо ниво меѓу Европската Унија и Палестинската управа, а по него и четвртата Меѓувладина пристапна конференција ЕУ-Албанија.
Ново на Сител
-
Денеска вкупно 29 пожари, активни се уште се 9, меѓу кои и кај Блаце
-
Тема на денот со Мартин Костовски, кандидат за Куманово и организациски секретар на СДСМ
-
Реакции по извештајот за напредокот на Македонија
-
Рокас: Идентитетот и јазикот најдобро се бранат со членство во ЕУ
-
Георгиев: Спречивме Мицкоски да го искористи ЕП за политичка пропаганда
-
Приведени три лица за кои постои сомнение дека подметнувале пожари
-
18 лица побарале помош на Токсикологија како последица од пожарите
-
Обвинувања околу справувањето со пожарите