Задолжително мерење на температурата на верниците на мисите во папските цркви во Ватикан и Рим
На верниците кои ќе присуствуваат на миса во црквата „Свети Петар“ и другите папски цркви во Ватикан и Рим ќе мора да им се проверува телесната температура, како дел од мерките за спречување на ширењето на коронавирусот, соопшти Ватикан.
Британските медиуми јавија дека од понеделник продолжуваат јавните миси во црквите во Италија, но под строги услови утврдени со протоколот што минатата недела беше потпишан меѓу италијанската бискупска конференција и владата.
Црквата „Свети Петар“ во Ватикан, а и другите три папски базилики во Рим – „Свети Павле“, што е надвор од ѕидините, „Свети Јован Лотеран“ и „Света Марија Велика“, имаат суверен, екстериторијален статус и официјално не се дел од Италија.
Новите правила за црквите во Италија вклучуваат ограничување на бројот на посетители, физичко растојание меѓу луѓето и носење маски, но не наметнуваат термичко скенирање, што значи дека папските базилики ќе имаат уште построги правила.
Во понеделник, исто така, се отвораат и италијанските музеи, но повторното отворање на музеите на Ватикан, кои минатата година примија седум милиони посетители, веројатно ќе биде дополнително одложено додека не се воспостават безбедносните мерки, тврди извор од Ватикан.
Ново на Сител
-
МОН ќе ги покрива трошоците за учество на средношколци на меѓународни научни олимпијади
-
Хаварија во Пинтија, од резервоар на приватен објект се излеале хемикалии
-
Арбен Таравари си поднесе оставка од министерската функција
-
Притвор за дилер од Битола, продавал марихуана на деца
-
Лавров: Ситуацијата околу преговорите во Истанбул е интригантна, ќе има тешки разговори
-
Дизелот поскапува, цената на бензините останува иста
-
Полицаец фатил 15-годишник како вози па бил нападнат од него и неговиот татко
-
Малолетник силувал 14-годишник во Карпош